Скопје, 9. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.По градови:
– Скопје 6
– Куманово 2
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Македонски Брод 1
– Пехчево 1
– Виница 1
Во текот на изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 7, Куманово 4, Прилеп 4, Тетово 12, Велес 6, Гостивар 1, Пехчево 1 и Берово 1. Досега во земјата се направени вкупно 18.821 тестирања на COVID-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.622, бројката на оздравени пациенти е 1.112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство