мај 11, 2020

Скопје, 11. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 13, Прилеп 2 и Тетово 7.

Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти. По градови:

– Скопје 17
– Куманово 9
– Прилеп 12
– Тетово 3
– Струга 12
– Охрид 9
– Гостивар 1
– Кичево 1

Направените 145 теста се преку: ИЈЗ122, Ветеринарен факултет 0, Авицена 0, Биотек 0, Филип Втори (Жан Митрев) 17, Систина со PCR метода 0 и МАНУ 6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2. Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на COVID-19. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука