мај 12, 2020

Скопје, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со почеток во 13:00 часот, денес во „Вила Водно“ ќе се одржи средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

– На средбата се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи. На средбата се поканети и поранешниот претседател на македонското Собрание Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски, информираат од кабинетот на претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

Како што претходно најавија од кабинетот на претседателот, на лидерската средба ќе се разговара за актуелната состојба со коронавирусот и за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, односно за можните термини за одржување на следните парламентарни избори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука