мај 12, 2020

Скопје, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Предлог планот за намалување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ќе се одвива во неколку фази, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што кажа тој, предлогот е донесен од страна на Комисијата за заштита од заразни болести, врз основа на повеќе параметри кои го овозможуваат таквиот чекор.

Планот предвидува неделава да се отворат центрите, а обука и семинари на возрасни, авто школи, спортски тренинзи на отворено, за индивидуани спортови, тенис, спортски обложувалници и неугостителски шалтерски дејности и затворените трговски центри, односно моловите.

Притоа, нагласи Филипче, остануваат во сила задолженијата за социјална дистанца и заштитни маски.

По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор.

Предлогот на Комисијата, преку Министерството за здравство ќе биде доставен до Владата. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука