Охрид, 15. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 14/15.2020 година, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, седум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид 3, Струга 2, Кичево 2).
– Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 2 контроли врз лица во изолација, 24 контрола врз лицата во самоизолација и 33 контроли на угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива