мај 16, 2020

Охрид, 9. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 09 до 15 мај 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 35 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 15 лица, во општина Струга и Вевчани 10 лица и 10 лица во општина Дебар и Центар Жупа
– Од вкупно земените материјали, 19 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 11, Струга и Вевчани 8, Дебар и Центар Жупа 0), а 16 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 4, Струга и Вевчани 2, а Дебар и Центар Жупа 10)
– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 2 лица, од општина Струга 2 лица се лабораториски дијагностицирани на присуство на COVID-19, а во општина Дебар и Центар нема нови позитивни на COVID-19
– Под здравствен надзор од 14 дена во општина Охрид се 87 лица, во Струга се 14 лица
– Активни случаи во Охрид се 2, а во Струга 4.
– Во Охрид има 1 пациент на домашно лекување и 1 хоспитализиран, а во Струга 2 пациенти се на домашно лекување
– Оздравени пациенти има 12 од општина Струга.
– Во овој период НЕМА починати лица од општините кои ги покрива Центар за јавно здравје Охрид.

No photo description available.

Од почетокот на епидемијата до денес, 16-ти мај 2020 година:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа на вкупно 136 лица од кои 17 во општина Охрид и Дебрца, 69 лица во општина Струга и 50 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 15, од Струга се 49, а од Дебар и Центар Жупа се 47 пациенти
– НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 14, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.

– Почитувани сограѓани и покрај поволните епидемиолошки параметри во овој момент, особено во Охрид и Дебрца, простор за опуштеност нема. Епидемијата се’ уште трае. Активноста на вирусот се намалува, но коронавирусот циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири. Нека грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски ви биде на прво место, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ фото: ОхридПрес

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука