мај 16, 2020

Струга, 16. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, во 06:30 часот, во ОВР Струга, пријавено е дека во Општата болница во Струга е донесено 14-годишно девојче во тешка здравствена состојба.

– 49-годишниот Н.Т. од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14-годишна ќерка. Истата, на пат за Ургентниот Центар во Скопје, починала. По барање на надлежен Јавен обвинител, ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука