мај 17, 2020

Скопје, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 1
– Куманово 14
– Прилеп 4
– Тетово 3
– Велес 4

Во текот на изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Штип 1, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 5, Битола 1, Охрид 1. Досега во земјата се направени вкупно 21.436 тестирања на COVID-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58 години) примен на 12-ти мај, пациент од Тетово (57 години) лекуван на клиниката од 22-ри април и уште еден пациент од Тетово (78 години) хоспитализиран на 11-ти мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука