мај 17, 2020

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридската јавност денес на социјалните мрежи бурно реагираше на објавените фотографии од бетонскиот ѕид кој се гради на самата плажа.Image may contain: outdoor, nature and water

Со реакција се јави и градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески.

– Чувствувам обврска, поради денешните бројни реакции кои лично од граѓаните и преку медиумите пристигнаа за изградбата на ѕид во непосредна близина на Охридското Езеро во Авто кампот Градиште, да Ве информирам дека инспекциските служби на општина Охрид, на 24.03.2020 година, извршија увид и составија записник. Согласно законските процедури донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, а доколку тоа не го направи во предвидениот рок, општина Охрид ќе го отстрани на сметка на изведувачот. Ве уверувам дека никој од Локалната самоуправа, а ниту јас лично сме дале или имаме намера да дадеме одобрени за изградба на објекти кои директно влијаат врз загадувањето на Охридското Езеро, или го нарушуваат светското природно и културно наследство, информира Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Танески Филип

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука