Охрид, 18. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин“ е еден од најактивните просветни работници во Охрид и околината.
Таа денес оствари видеосредба, заедно со нејзините ученици со Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.
– Во ова тешко време се случуваат добри работи. Една добра работа за мене е што гости во Витуелнита училница во онлајн настава беа музичарот Џокси, поетот Филип Димкоски, Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиевски, а денес ми беше чест да водам видеосредба на претседателите на паралелките од второ до деветто одделение со Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски. Благодарам на сите, вели Петкоска.
Таа додава дека еден дел од завршните зборови на Претседателот биле „ученици, знаењето е важно, да го користите компјутерот за стекнување знаења, а помалку за видеоигри. Да ги слушате возрасните, тато, мама, баба, дедо, да ги почитувате и учете и од нив, да ги слушате и почитувате, учителите, наставниците, професорите.“
Петковска за својата работа е добитник и на бројни награди, неѓу кои и „Св. Климентовата“ повелба минатата година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива