COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Два нови случаи на COVID-19 во Охрид, почина 59-годишен пациент од Струга

Скопје/Охрид, 18. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 7
– Прилеп 1

Во текот на изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје 16, Тетово 4, Струга 1, Велес 2 и Охрид 2. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на COVID-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60 години), хоспитализирана на клиниката од 27-ми април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59 години), примен на 16-ти мај и пациент од Скопје (51 години) хоспитализиран на 4-ти мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука