Охрид, 18. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Bistro Corner на кружниот тек, наспроти „Охридска банка“ од денес започна со услугата Coffee to go.
– Продажбата на кафе се врши во хартиени чаши, а се продава од посебен шалтер, без да се влегува во објектот. Граѓаните, покрај кафе можат да добијат и цедени сокови, информираат од Bistro Corner.
Според последните најави од македонската Влада, устителските објекти во државата, неофицијално, ќе започнат со работа кон крајот на оваа недела. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24