Охрид, 19. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишниот Г.И. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– На 9-ти мај 2020 година, во 21:20 часот на Булеварот „Туристичка“ во Охрид, тој бил затекнат за време на полицискиот час без дозвола издадена од надлежен орган со што го прекршил спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 22