Струга, 20. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за економија во Владата на Република Македонија Крешник Бектеши денес ќе одржи состанок со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ).
На состанокот со претставници од ХОТАМ ќе присуствува и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.
Министерот Бектеши, на вчерашната прес конференција објави дека како министерство побарале да бидат отворени угостителите, но пред се’ мора да се почитуваат сите препораки.
– Ние имавме наш предлог, но крајниот збор го има Комисијата за заразни болести. Ние веќе дадовме наши сугестии и забелешки, истакна Бектеши. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20