мај 21, 2020

Скопје, 21. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, денеска ги објави мерките по повод престојниот празник Бајрам.

Тој потенцира како треба да се однесуваат верниците за време на намазот на Фитр Бајрам. ИВЗ во Република Македонија, поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам, ги донесе долунаведените мерки, кои треба да се спроведат во секоја џамија:​

– Сабах намаз да се обавува дома:
– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути;
– Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт;
– Откажување од посета на гробишта;
– За време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку;
– Дезинфекција на џамии;​
– Задолжително носење маска;​
– Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;​
– Секој верник треба да има лично сеџаде;​
– Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;​
– Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе;​
– Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;
– Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени;

Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам.

Пред два дена Исламската верска заедница испратила писмо до Владата на Република Македонија во кое ја информира дека е против воведување на забрана за движење.

– Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската заедница, имајќи предвид дека земјата се наоѓа пред одржување на парламентарни избори, напишаа од ИВЗ во писмото до македонската Влада. (Крај)

извор: Тв21 фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука