мај 21, 2020

Скопје/Струга, 21. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во гостување на Тв24 истакна дека дел од новозаразените лица со коронавирус потекнуваат од литијата во Струга, како и од ифтарските вечери.

– Зголемувањето на бројот на заразени е секаде на светско ниво. Нашите здравствените власти ги знаат точно кластерите на заразени од каде потекнуваат овие броеви на новозаразени, од тој аспект немаме непознати жаришта. Дел од новозаразените потекнуваат од литијата во Струга и од ифтарските вечери, коишто се случуваат последните неколку недели. Доколку сакаме да се намалат рестриктивните мерки, тогаш ќе мора да се зголеми личната одговорост кај секој од нас, посочи Манчевски. (Крај)

извор: Тв24/Тв21 фото: Фокус

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука