мај 23, 2020

Скопје, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, јави Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 4
– Куманово 3
– Прилеп 5
– Тетово 6
– Велес 4
– Битола 2

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63 години), примен на болничко лекување на 6-ти мај како сомнителен на COVID-19, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во текот на изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на COVID-19 и тоа во:

– Скопје 16
– Куманово 2
– Прилеп 2

Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на COVID-19. Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на COVID-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука