Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

25 Мај – Патронен празник на ООУ „Братство Единство“

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година се одбележуваат 70 години од постоењето на ООУ „Братство Единство“ – Охрид.

– Славиме 70 успешни приказни во срцето на Охрид. Ова училиште низ годините е сведок за многу успешни генерации кои нè претставуваат со различни професии во земјава и светот, а веруваме дека успехот ќе следи и во иднина. За жал оваа година, 70-годишнината на нашето училиште нема да се слави вообичаено како претходнте години. На 25 Мај, уште познат како Денот на младоста и Денот на братството и единството, нема да се слуша детската смеа и играта низ училиштето. Причината е позната неколку месеци наназад. „Невидивиот непријател“ COVID-19 ги затвори училиштата. Наставниците и учениците се соочија со т.н. далечинско учење, а нашето училиште беше првото во градот кое преку креирање на соодветна интернет страница им овозможи на учениците лесен пристап до материјалите за секој наставен предмет. Во текот на првото полугодие, како и во почетокот на второто полугодие нашите ученици покажаа високи резултати по различни предмети, поттикнати од нивните наставници, а успесите ќе беа уште поголеми доколку наставниот процес продолжеше да се одвива во нормални услови. Надежта е таа која ни дава сила, волја и верба да истраеме, стои во пораката на директорот Џемал Мехмед.

Image may contain: 1 person, standing

Тој испраќа и честитки по повор 24-ти мај Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј кои се основачите на првата словенска азбука и создавачите на словенската писменост, како и за големиот верски празник Рамазан Бајрам до сите припадници на муслиманска вероисповед, со желба за здравје, мир, соживот и благосостојба.

Image may contain: one or more people and people standing

Од ООУ „Братство Единство“ од Охрид во чест на празникот изработија и весник за активностите на учениците од ова училиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука