COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија останува во карантин до утре, до 05:00 часот

Охрид, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Остануваат уште помалку од 24 часа од карантинот кој е на сила на територијата на целата држава, како дел од мерките на Владата на Република Македонија за спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19. Забраната за движење ќе трае до утре, до 05:00 часот.

Одлуката ја донесе македонската Влада на последната, 56-та седница, иако претходно Комисијата за заразни болести поднесе предлог полицискиот час да трае од сабота од 19:00 часот до вторник до 05:00 часот. Oд Владата информираат дека за време на продолжениот празничен викенд граѓаните, во периодот кога важи забраната за движење, своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.

37 нови случаи на COVID-19, две новозаболени лица во Охрид

Според последните информации на Министерството за здравство, направени се  508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус COVID-19. Од нив имаме 2 нови случаи во Охрид и 4 во соседна Струга.

Продолжениот празничен викенд во Охрид го поминаа и бројни посетители надвор од градот, кои тука имаат сопствени станови. Забележително е присуството на бројни гости од Скопје, Битола и останатите поголеми градови од државата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука