Скопје, 26. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 3
– Тетово 11
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78 години), хоспитализирана на 14-ти мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84 години), примен во болница на 20-ти мај и пациентка од Скопје (76 години) примена на 19-ти мај.
Во текот на последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на COVID-19.
– Скопје 9
– Штип 5
– Струга 1
– Гостивар 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.
Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на COVID-19.
Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство