Охрид, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе 10 кривични пријави против С.Љ.(25) од селото Матејче, општина Липково, С.М.(52) од струшкото село Смешница, Ж.Б.(28) од Скопје, Ф.Р.(40) од Скопје, Р.Љ.(40) од Арачиново, В.Н.(39) од селото Липково, општина Липково, Ш.А.(45) од Чаир, Скопје, Ф.Б.(39) од Тетово, А.Х.(27) од селото Отља, општина Липково, Н.А.(38) од Крушево, М.С.(61) од селото Осој кај Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– Пријавените, додека биле сместени во карантин во хотел, во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива