мај 28, 2020

Скопје, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие (27-ми/28-ми) на територијата на државата на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука