Охрид, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 22-ри до 26-ти мај 2020 година, кога на сила беше полицискиот час со цел спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, вкупно 326 лица лица не ја почитувале забраната за движење (15 лица на возраст до 18 години, 307 лица на возраст од 18 до 67 години, 4 лица над 67 години).
– Во истиот период, а во врска со членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, поднесени се вкупно 193 пријави против 222 лица. Истовремено, извршени се 3.398 контроли врз лицата во изолација и 12.173 контроли врз лицата во самоизолација. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 4.636 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива