Скопје, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот ан последните 24 часа направени се 560 тестирања, при што се регистрирани 38 нови случаи на лица заболени од COVID-19. По градови: Скопје 24, Куманово 4, Штип 4, Тетово 3, Битола 1 и Неготино 2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти: Скопје 1, Куманово 1, Прилеп 4, Велес 9 и Битола 1.
Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21-ви мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23-ти мај. Во Институтот, од болницата „Ремедика“, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53 години) и истиот е позитивен на COVID-19.
Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на COVID-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, бројката на оздравени пациенти е 1.486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива