мај 29, 2020

Скопје, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи и понатаму ги презема неопходните мерки и активности кои се однесуваат на почитување на мерките на владата, а се насочени кон справување со пандемијата од коронавирусот.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за самоизолација.

По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 440 прекршоци.

Во државен карантин се спроведени 62 лица. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука