Охрид, 29, мај 2020 (ОХРИДПРЕС0 – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 119 лица (во Охрид 47, Струга 48 и Кичево 24).
– Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 90 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 22 лица (Охрид 16, Струга 3, Дебар 3). Врз овие лица, извршени се 15 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 53 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 49