мај 29, 2020

Охрид, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безидејни, неосновани и очајни се соопштенијата и прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, раегираат од општина Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Наместо да се насочат кон вистински и конструктивни политики, кои би биле од корист за граѓаните, тие продолжуваат да мислат само на себе и преку манипулирање на јавноста, сакаат да го подобрат својот катастрофален рејтинг во Охрид. Јавноста треба да биде точно информирана дека Општина Охрид и Градоначалникот Константин Георгиески постапуваат и работат согласно насоките на Владата на Република Македонија, за намалување на непродуктивните трошоци, со цел справување со економската и здравствената криза предизвикана од Корона вирусот „Ковид 19“. Токму поради тоа, преку прецизен финансиски менаџмент, водејќи сметка за зачувување на буџетската ликвидност, извршено е намалување на нивото на основниот буџет за 20.995.825,00 денари. И покрај намалувањето на нивото на основниот буџет за 4%, извршена е успешна измена на распоредот на средства во рамки на годишните програми, при што се обезбедени дополнителни 27 милиони денари за капитални инвестиции, односно средства за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Се работи за важни инфраструктурни проекти, како што се: Реконструкција на улицата „Абас Емин“; Изградба на новата улица во поранешната касарна; Изградба на подземни контејнери; Дополнителни вложувања во училиштата за подобување на условите во образованието, како и низа други инвестиции. Јавно ги прашуваме советниците од ВМРО-ДПМНЕ – Зошто не ги поддржуваат проектите кои се важни за охриѓани; дали се против редовните плати за негователите и воспитувачите во градинките; дали се против редовни плати за вработените во Центарот за лица со попреченост „Зраци“; дали нивната цел е луѓето да останат без работа? Исто така јавно ги прашуваме – Дали ќе ја покажат својата вистинска хумана страна пред граѓаните на Охрид и дали планираат да се откажат од месечните паушали за оваа календарска година и истите да ги отстапат во фондот кој е наменет за борба со „Ковид 19“? На граѓаните им е јасно, кој работи и кој е грижи за интересите на Охрид, а нивната доверба се добива преку несебичен и вистински ангажман и преку посветено и домаќинско работење, а не преку лажна загриженост и лицемерни прес конференции, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука