Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Се гради ѕидот во Градиште, Георгиески нема храброст за справување со урбаната мафија, затоа што таа е аминувана од него

Охрид, 29. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ по веста дека повторно во Градиште се гради бетонски ѕид на самата плажа.

– Каде е сега Георгиески откако излажа дека започнале активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид? Глумејќи театралност пред очите на граѓаните, само по два дена најпрвин ја повлекуваат механизацијата, а потоа се дозволува да се продолжи заѕидувањето на крајбрежјето. До кога пред очите на Георгиески ќе се нарушува светското природно и културно наследство на Охрид? Веќе не знаеме по којпат охриѓани го видоа лицемерието на Георгиески како партиски послушник на СДСМ. Кај Георгиески нема храброст за справување со урбаната мафија, затоа што таа е аминувана од него. СДСМ и Георгиески докажаа дека не се способни да го задржат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука