COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

35 нови случаи на COVID-19, почина пациент од Струга

Скопје, 30. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 1.120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 22
– Куманово 4
– Штип 1
– Тетово 6
– Струга 1
– Гостивар 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69 години) хоспитализиран на 15-ти мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70 година) примен во болницата на 17-ти мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28-ми мај и 47-годишен пациент на болничко лекување од 21-ви мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на COVID-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти.

– Скопје 8
– Куманово 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Битола 2
– Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3.502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на COVID-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.164, бројката на оздравени пациенти е 1.535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука