COVID-19 Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Казнети 62 лица од Охрид кои не носеле заштитни маски

Охрид, 30. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 104 лица (Охрид 39, Струга 45 и Кичево 20).

– Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 61 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 20 лица (Охрид 11, Струга 5, Кичево 1 и Дебар 3). Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 138 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид 42, Струга 38, Кичево 46 и Дебар 12). Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници, издале 151 прекршочен налог на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид 62, Струга 43, Кичево 38 и Дебар 8), информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука