Охрид, 31. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Покрај стандардната глетка од кајчиња, помали бродови и глисери, охридскиот канал го „краси“ и авионот кој се наоѓа од десната страна на каналот, на делот кон Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид.
Станува збор за постаро воено летало од типот North American F-86 Sabre, нарекуван и Sabrejet, кој порано ја красеше охридската касарна.
Дел од охридските нуркачи неодамна излегоа со предлог леталото да склопи, да се исчисти од сите масла и растворливи бои, да го проверат дека е прифатливо за околината од надлежните институции и екологисти, и да се потопи на одредена локација на езерото за да се направи вештачка подводна атракција.
Вакви примери имаме повеќе во светот и сето тоа значително придонесло во развивањето на туризмот, посебно на нуркачкиот, кој секоја година е се` попопуларен во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес