Скопје/Охрид, 1. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Половина од граѓаните не планираат да одат на годишен одмор ова лето, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според истиот извор, 47,1 отсто од анкетираните граѓани велат дека не планираат да летуваат оваа година,додека 33,7 отсто велат дека ќе одат на одмор.
Од оние кои ќе летуваат, 32,9 отсто велат дека тоа ќе го сторат во Македонија, додека 28,8 проценти во странство.
Најголем дел од граѓаните кои ќе летуваат или 9,6 отсто велат дека ќе одат во Охрид. Седум проценти планираат одмор во Грција, 4,2 во Албанија, по 2,3 во Турција и во Дојран а 2,1 отсто во Струга.
Имајќи ја предвид кризата со корона вирусот 46,8 проценти од граѓаните велат дека оваа година нема да имаат пари за да одат на одмор, додека 34,9 отсто сметаат дека ќе најдат финансиски средства за
летување. (Крај)
извор: Детектор фото: ОхридПрес