Охрид, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 110 лица (Охрид-36,Струга-63,Кичево-11). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 69 контроли.
Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 40 лица (Охрид-21, Струга-12, Кичево-2, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 19 контроли.
Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 84 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-27, Струга-11, Кичево-32, Дебар-14).
На 1-ви јуни полициските службеници, издале 76 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-14,, Струга-22, Кичево-28, Дебар-12).(Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива