јуни 2, 2020

Струга, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – 44-годишниот пациент од Струга кој беше објавен во вчерашната статистика на починати од COVID-19 бил вработен во Тв Спектра, локална телевизија во струшкото село Лабуништа.

– По кратко боледување утринава на 44-тата година од животот на клиничкиот центар 8 Септември во Скопје почина нашиот колега Беким Бајрамоски, техничар во Телевизија Спектра. Денес добивме жална вест која на сите нас многу не растажи. Се сеќаваме на нашиот колега, брат, другар, наш лабуништанец, Беким Бајрамоски како човек со благородна душа, мирен и работлив, сооштија вчера од телевизијата во која работеше.

Бајрамоски е првиот медиумски работник кој настрада од новиот коронавирус. Само во Лабуништа досега од корона вирусот починаа 16 жители, а во целиот струшки регион вкупната бројка е 20 починати. Од Центарот за јавно здравје во Охрид соопштија дека Бајрамоски најверојатно се заразил од контакти во неговото семејство. (Крај)

извор: Фокус фото: Тв Спектра

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука