Скопје, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 52
– Куманово 2
– Штип 1
– Тетово 14
– Велес 2
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.
– Скопје 12
– Куманово 2
– Тетово 11
– Гостивар 1
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56 години) примена во болницата на 21-ви мај како сомнителна на COVID-19, потврдена позитивна по прием во болница.
Досега во земјата се направени вкупно 31.187 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.391, бројката на оздравени пациенти е 1.595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655 лица. (Крај)
извор: Министерство за здраство фото: Министерство за здравство