Охрид, 4. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид моментно во изолација се 135 лица (Охрид 35, Струга 89 и Кичево 11).
– Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 87 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 46 лица (Охрид 18, Струга 20, Кичево 3 и Дебар 5). Врз овие лица, извршени се 37 контроли (Охрид 12, Струга 18, Кичево 2 и Дебар 5). Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 104 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид 26, Струг 03 и Кичево 75). Во изминатото деноноќие, полициските службеници, констатирале 33 прекршоци за неносење заштитна маска на лицето (Охрид 1, Струга 7, Кичево 6 и Дебар 19), информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес