Скопје, 5. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 109
– Куманово 26
– Дебар 1
– Штип 15
– Тетово 12
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 1
– Охрид 1
– Гостивар 8
– Гевгелија 2
– Валандово 1
– Свети Николе 1
– Неготино 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30-ти мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29-ти мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
– Скопје 6
– Прилеп 1
– Велес 4
Досега во земјата се направени вкупно 34.386 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на COVID-19.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.790, бројката на оздравени пациенти е 1.632, на починати 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.009. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство