Охрид, 14. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС0 – Од партијата Граѓанско-демократска унија (ГДУ) јавно прашуваат дали градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески, кој ги поздравувал заштитните мерки на Владата, ги почитува истите.
– Дали градоначалникот на Охрид знае дека кафулињата и рестораните работат до 22:00 часот? Дали градоначалникот седи на маса со газда на локал кој пред скоро време добил тендер и уште еден советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Дали истиот тој градоначалник ќе го запре безредието и беззаконието со тоа што ќе руши плажи, а од друга страна не почитува закон – стои во дописот до медиумите од ГДУ.
Од партијата додаваат дека некој кој не почитува закон тешко може да спроведува закон. (Крај)
извор: ГДУ фото: архива
Прочитано: 19