јуни 14, 2020

Охрид, 14. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, 13/14.06.2020 година, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 122 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 75, Струга 21, Кичево 23 и Дебар 03).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 278 лице (Охрид 131, Струга 114 и Кичево 33). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 166 контроли (Охрид 102, Струга 46 и Кичево 18). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 146 лице (Охрид 24, Струга 58, Кичево 17 и Дебар 47). Врз овие лица, извршени се 101 контроли (Охрид 24, Струга 13, Кичево 17 и Дебар 47). Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 60 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид 02, Струга 12, Кичево 34 и Дебар 12). (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука