Охрид, 15. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на поддршка на рекреативниот спорт и здравите животни навики Општина Дебрца ќе доделува поединечна субвенција на физички лица за купен велосипед во тековната година.
Во рамки на акцијата „Живеј здраво-вози велосипед“ секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.
– Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, што дополнително ќе биде објавен, информираат од општина Дебрца. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 27