јуни 15, 2020

Скопје, 15. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 841 тестирање, при што се регистрирани 103 нови случаи на COVID-19.По градови:

– Скопје 46
– Куманово 6
– Штип 6
– Прилеп 2
– Тетово 17
– Струга 9
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 3
– Кавадарци 1
– Гостивар 1
– Струмица 1
– Свети Николе 1
– Ресен 6

Починаа пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80 години), хоспитализиран на 5-ти јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74 години). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73 години) примена на 11-ти јуни и пациентка (45 години) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65 години) хоспитализиран на 6-ти јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.

– Скопје 10
– Прилеп 2
– Тетово 1

Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на COVID-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.157, бројката на оздравени пациенти е 1.723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.241. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука