COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

134 нови случаи на COVID-19, Охрид денес без новозаболени, во Струга тројца

Скопје, 16. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.173 тестирања, при што се регистрирани 134 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 97
– Куманово 5
– Прилеп 1
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 1
– Кавадарци 1
– Крушево 2
– Валандово 1
– Кратово 1
– Кичево 2
– Ресен 7
– Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68 години) хоспитализиран на 6-ти јуни, пациентка (65 години) хоспитализирана на 13-ти јуни и пациентка (76 години) хоспитализирана на 7-ми јуни.

Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77 години) примен на 6-ти јуни и пациентка (77 години) хоспитализирана во болницата на 10-ти јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68 години).

Во КБ Тетово починати се две лица на 13-ти јуни, пациент (67 години) и пациентка при прием (71 година). Позитивни резултати на COVID-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од:

– Скопје 6
– Куманово 23
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на COVID-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.289, бројката на оздравени пациенти е 1.757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.331. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука