Скопје, 17. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 140
– Куманово 2
– Дебар 1
– Штип 6
– Тетово 19
– Струга 5
– Велес 2
– Охрид 11
– Гостивар 4
– Свети Николе 1
– Ресен 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4-ти, односно 7-ми јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9-ти јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9-ти односно 15-ти јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.
Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3-ти јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8-ми јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:
– Скопје 35
– Куманово 1
– Штип 6
– Тетово 1
– Струга 1
– Гостивар 1
– Валандово
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.469. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство