јуни 18, 2020

Охрид, 18. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од најрепрезентативните капацитети во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

No photo description available.Денес Ви го претставуваме хотелот „Гранит“:

Хотел „Гранит“ е лоциран на крајбрежјето на Охридското Езеро, во месноста „Св. Стефан“, на само 5 километри од центарот на Охрид и 12 километри од аеродромот во Охрид. Станува збор за модерен хотел со четири ѕвезди. Располага со резиденција, ресторан, кафе-бар, базен, големи тераси и сопствена песочна плажа.

Image may contain: ocean, sky, outdoor, water and nature

Контакт:
тел:+389(0)46 207 100
факс:+389(0)46 207 141

www.hotelgranit.com.mk

email: [email protected]

Facebook: Hotel Granit – Ohrid

Image may contain: sky and outdoor

Image may contain: flower, outdoor and nature

извор: ОхридПрес Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука