Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Денес ќе бидат објавени ранг-листите на запишани ученици во средните училишта

Охрид, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска по 15:00 часот ќе бидат објавени ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок во средните училишта за учебната  2020/2021 година.

Уписите се спроведуваат согласно насоките од Протоколот усвоен од Владата по препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, односно документи се поднесуваа по азбучен ред на презимето. Денеска до 13:00 часот се врши прием на документи на ученици чии презимиња започнуваат од У до Ш и сите ученици кои поради различни причини не успеале да се запишат во претходните три термини, без разлика на презимето.

ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе ги отвори вратите за 306 полуматуранти

Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во Конкурсот, во понеделник ќе спроведат квалификациско тестирање, со почеток во 10:00 часот.

Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование.

За учениците кои се пријавиле за здравствена струка (за сите образовни профили), пак, ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија, исто така на јазикот на кој ја следеле наставата во основното училиште.

Конечните ранг-листи со резултатите од квалификациското тестирање ќе бидат објавени истиот ден, на 22-ри јуни.

Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24-ти и 25-ти јуни, а третото пријавување ќе биде на 29-ти јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука