Скопје, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.227 тестирање, а регистрирани се 156 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 100
– Куманово 11
– Дебар 1
– Штип 6
– Прилеп 1
– Тетово 19
– Струга 2
– Велес 6
– Битола 1
– Охрид 1
– Кавадарци 1
– Гостивар 1
– Гевгелија 1
– Кочани 3
– Кратово 1
– Свети Николе 1
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16-ти јуни и пациентка на 76 години, од 10-ти јуни на клиниката.
На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје, исто така на возраст од 74 години.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14-ти јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16-ти јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти.
– Скопје 10
– Штип 3
– Тетово 10
– Велес 1
– Битола 1
– Неготино 2
Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирања на COVID-19. Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на COVID-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство