јуни 20, 2020

Охрид, 20 јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.Податоци за периодот од 13-ти до 19-ти јуни 2020 година:– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 239 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 87 лица, во општина Струга и Вевчани 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 49 лицa.
– Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 0)
– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 37 лица, од општина Струга кај 32 лица, а од општина Дебар кај 6 лица.
– Во Охрид има 47 пациенти на домашно лекување и 4 хоспитализирани, а во Струга 38 пациенти се на домашно лекување и 5 хоспитализирани.
– Активни случаи во Охрид се 77, во Струга 70, а во Дебар 11.
– Оздравени има 1 лице во Струга и 1 лице во Дебар
– Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 2 лица од општина Струга.
– Изминатата седмица е извршено посебно скрининг тестирање на вкупно 197 вработени во детските градинки и тоа во Охрид 50 лица, Струга 70 лица, Вевчани 8 лица и Дебар 69 лица, при што од анализираните материјали лабораториски е дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19 само кај 2 вработени во детска градинка во Струга.
No photo description available.

Податоци од почетокот на епидемијата до 19-ти јуни 2020 година:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 308 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 96 лица во општина Охрид и Дебрца, 149 лице во општина Струга и Вевчани и 63 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 54, а од Дебар и Центар Жупа се 48 пациенти
– Од општина Охрид и Дебрца има 2 починати пациенти, од општина Струга се починати 25, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица.

– Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот, иако со намален интензитет, сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење на рацете, избегнување на било какви собири и групирање. Грижете се за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука