јуни 20, 2020

Скопје, 20. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.364 тестирање, а регистрирани се 185 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 96
– Куманово 2
– Дебар 18
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 14
– Струга 20
– Велес 2
– Битола 2
– Охрид 7
– Кавадарци 2
– Гостивар 2
– Крива Паланка 1
– Пробиштип 1
– Свети Николе 2
– Кичево 3
– Ресен 8

Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53 години) примен на 17-ти јуни, пациент (66 години) примен на 5-ти јуни, пациент (67 години) примен на 15-ти јуни, пациентка (65 години) примена на 10-ти јуни, пациентка (73 години) примена на 9-ти јуни, пациент (62 години) хоспитализиран на 15-ти јуни, пациентка (65 години) примена на 13-ти јуни и пациент на 76-годишна возраст.

Во ОБ Куманово почина пациент (78 години) хоспитализиран на 12-ти јуни. Во КБ Штип почина пациент (63 години) примен на 18-ти јуни, во Тетово почина пациентка (62 години), потврдена позитивна на 17-ти јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.

– Скопје 29
– Куманово 1
– Штип 4
– Тетово 2
– Велес 4
– Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на COVID-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.005, бројката на оздравени пациенти е 1.904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.868. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука