Охрид, 21. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес започнува годишното време кое сите, а охриѓани особено го очекуваат со најголемо нетрпение и задоволство.
Оние кои се во туристичкиот сектор вообичаено очекуваат богата сезона, а другите сакаат едноставно да го искористат најопуштеното годишно време за традиционалниот одмор и капење во езерото. Оваа година го пречекуваме во вонредни услови и посебни мерки поради ширењето на корона вирусот COVID-19. Ако на ова се додаде и започнатиот процес за уривање на дивоградбите, изборите и комплетната состојба во државата, јасно е дека „ова лето ќе се памтиТ“.
Охрид е туристички град, кој живее од и за туризмот. Да ги почитуваме мерките за да можеме заедно да го победиме и ова зло и со туристите од целиот свет да уживаме со полни гради во преубавиот Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес