јуни 21, 2020

Скопје, 21. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистриран е 101 нов случај на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

– Скопје 57
– Куманово 13
– Дебар 1
– Штип 3
– Тетово 19
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 2
– Охрид 1
– Гостивар 1
– Ресен 2

Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти.

– Скопје 11
– Тетово 10
– Велес 1

Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.106, бројката на оздравени пациенти е 1.926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.942. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука